Меѓу кодошите и екс ректор на Универзитет

Комисијата за верификација на фактите денеска лустрираше поранешен ректор на Универзитет кој веќе е починат.

Неговото име нема да биде обелоденето во јавноста, но се знае дека бил соработник на тајните служби, велат од Лустрациската комисија.

Лицето е починато, што значи дека неговото име и презиме нема да биде објавено туку ќе се најде само на регистерот на веб страната на комисијата – изјави Предраг Димитровски од лустрациската комисија.

Димитроски дополни дека тој бил ректор на еден од универзитетите во државава.

Станува збор за ректор на еден од универзитетите во Македонија, кој во 80-тите години на службите им оддавал информации за еден докторант на универзитетот чиј ректор бил.

– Овој предмет беше разгледуван уште од минатиот состав, но бидејќи имаше избор на нови членови, тогаш беше сторниран, за да не се сфати дека се прави врз некој притисок – вели Димитровски.