
Шпанската влада денеска официјално побара од Уставниот суд да го прогласи за нелегитимен референдумот за независност на Каталонија, соопшти премиерот Мариано Рахој, изјави МИА.
– Организирање на ваков референдум е целосно спротивно на шпанскиот устав – изјави Рахој.
Изјавата на шпанскиот премиер доаѓа откако лидерот на шпанскиот североисточен регион Артур Мас во саботата закажа одржување на референдум за 9 ноември.