
На пресконференцијата што вчера ја одржа раководството на Фејсбук во Калифорнија, изјавија дека од први ноември корисниците на оваа социјална мрежа ќе плаќаат по 2,99 долари месечно. Во Македонија тоа би значело 143 денари за еден месец. До вакво решение дошле поради константните трошоци кои ги има Фејсбук како сајт, кои се многу поголеми од придобивките.
„Доколку корисниците на фејсбук сакаат сајтот сеуште да постои, мора да ја плаќаат оваа чланарина. Жалиме што дојдовме до ваква одлука, меѓутоа не постои никаков друг начин како да опстанеме како сајт“ – изјави Марк Цукерберг.
На ваквата информација најмногу се израдуваа акционерите на Фејсбук, кои изјавија дека доколку барем 70% од 1,317 милијарди корисници ја платат чланарината, тоа би значело дека не само што сајтот ќе опстои туку ќе можат да се направат и многу новитети на него, а и воедно тие побрзо ќе си ги исплатат кредитите за имотите што ги поседуваат.
Од Фејсбук, исто така, изјавија дека разбираат дека постојат луѓе кои не можат да си дозволат да плаќаат за чланарина, па за нив ќе постои посебна опција.