
Холивудскиот заводник Џорџ Клуни за викендот се ожени со својата девојка Амал Аламудин, а ексклузивните фотографии од раскошната венчавка најпосле се објавени.
Како и Бред Пит и Анџелина Џоли, така и Клуни правата на фотографиите ги продаде на два магазина. На сликите невестата носела венчаница од тантела од Оскар де ла Рента, додека Клуни бил во елегантен костум Армани.
Двојката, венчавката ја направи за околу 100 гости меѓу кои Били Мареј, Ана Винтур и Емили Блант. Церемонијата на венчавка траела половина час, а општинската венчавка ја направиле во понеделникот.
Венчавката се случила на зајдисонце во хотел со седум ѕвезди.