Николоски на Парламентарното собрани на Советот на Европа

Од 29 септември до 3 октомври во Стразбур, Франција се одржува редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На која сесијата учествува и шефот на Делегација на Собранието на Македонија, пратеникот Александар Николоски.

На сесијата ќе се расправа за Извештајот за претседателските избори во Турција, борбата против манифестациите на неонацизам, правата на жените во евро-медитеранската соработка, доброто владеење и зголемениот квалитет на образованието, подигање на статусот на стручното образование и обука, активностите на Организацијата за економска соработка и развој, функционирањето и демократските институции во Грузија, прогресот на постапката за мониторинг на Парламентарното собрание, активностите на Европската банка за реконструкција и развој, одбележување на обврските од членството на Албанија и алтернативите за притворањето на децата при емиграција.

parlamentt

Од особено значење е точката за реформа на мониторинг постапката, по чиешто усвојување ќе се воведе мониторинг над сите земји-членки на Советот на Европа.

Реформата е дел од залагањата на Александар Николоски, како потпретседател на Комитетот за мониторинг и како член на ад-хок Комисијата за реформа на мониторинг процесот.

Итни прашања на дневниот ред се и кризата во Украина и заканите од Исламската Држава.