Повеќе од 500 баратели на азил во Србија се деца

Над 500 баратели на азил во Србија се деца, меѓу кои 400 се без придружба.

– Тие доаѓаат до центарот за азил и многу брзо исчезнуваат што зборува за тоа дека постои организиран систем за трговија со луѓе. Дали е во прашање трговија со луѓе ние не можеме со сигурност да кажеме, вели Радош Ѓуровиќ, извршен директор на Центарот за заштита и помош на баратели на азил.

Тој додава дека тие деца често се вклучени во мрежи за питачење, со цел да го заработат својот пат до Европа.

– Децата велат дека одат во неизвесност но дека тој пат нема алтернатива. Сакаат да работат и со години бидејќи живот во државите од кои доаѓаат е невозможен, додава Ѓуровиќ.