
Зголемен бројот на француски државјани кои им се приклучиле на радикалните исламисти во Ирак и Сирија, истакнал францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казанев.
– Бројот на француски радикални исламисти во Ирак и во Сирија годинава пораснал за 74 проценти и сега нивниот број изнесува околу илјада, посочи Казенев.
Тој наведе дека во бројката се вклучени и француските исламисти кои патувале во Сирија и во Ирак или се вратиле од тие земји, како и тие исламисти кои планираат да патуваат таму.
– Париз интензивнио ја следи активноста на групите кои американскиот Стејт департмент минатата недела ги идентификуваше како француски огранок на Исламска држава, истакна Казенев.