
Советот за развој на Скопски плански регион денеска ќе ја одржи 6-та редовна седница на која, покрај градоначалниците од Скопскиот плански регион, ќе учествуваат и претставници на Државниот совет за превенција на детско престапништво, самостоен и независен орган при Собранието на Република Македонија, со надлежности согласно Законот за правда за децата.
Една од точките на седницата е поврзана со директно запознавање со состојбите со детското престапништво, како и остварувањето на детските права во Република Македонија, формирање на Локалните совети и договор за идни активности согласно Националната стратегија за превенција од детско престапништво.
На дневниот ред се и утврдувањето на процесот на подготовка на Програмата за развој на Скопски плански регион за период од 2015 – 2019 година, дефинирање на приоритетните области за развој на регионот, проширување на функциите на Центарот за развој на Скопски плански регион и реализација на проект во насока на спроведување на активности за поддршка на приватниот сектор.