
Денешниот ден е прогласен за Ден на жалоста во Бугарија по повод трагедијата во Горни Лом. Завчера во фабриката во бугарското село загинаа 15 луѓе, а тројца се повредени.
-Настрадале 13 мажи и две жени – соопшти директорот на Бугарската управа за цивилна одбрана, Николај Николов. Експлозијата била толку силна, што зад себе оставила кратер во земјата-изјавил Николов, пренесува АФП.
Тој додал дека причината за несреќата во фабриката која што е во приватна сопственост ,,веројатно е човечка грешка,,.
Полицијата соопшти дека по големата експлозија, неколку часа потоа имало и серија помали експлозии. Истрагата за причината за експлозијата е во тек.