
Ангелите на Викторија Адријана Лима, Кендис Свонепул, Лаис Рибеиро и Елза Хоцк, на фотографијата на Патрик Демаршелије кои ќе бидат на ноемвриското издание на модната Библија „Вог“ не се ни во долна облека, ниту пак во бикини.
Соработката со „ангелите“ е замислена како дел од кампањата од првата ревија на најпознатиот произведувач на долна облека во британската престолнина, пишува Дејли меил.
Прочуената „Екстраваганца“, спектакуларна ревија на која се претставува новата колекција на долна облека, во Лондон ќе се одржи во декември.
До тогаш „ангелите“ ќе бидат во „Вог“ и тоа само во предимензионирани здолништа во боја на бонбони.