
Мисијата на ОБСЕ во Србија покрена проект за јакнење на капацитетот на полициите на Србија, Македонија и Црна Гора во борбата против организираниот криминал.
Проектот официјално ќе почне на Златибор, каде 18 криминалистички аналитичари од министерствата за внатрешни работи на Србија, Македонија и Црна Гора, ќе го унапредат знаењето во врска со анализата на трендовите во борбата против криминалот во рамки на проектот на ОБСЕ.
Проектот „Јакнење на капацитетите за стратешка анализа и стратешка проценка во Управите на криминалистичката полиција на МВР на Србија, Македонија и Црна Гора“, има за цел натаму да го развива капацитетот на полицијата и да ги процени заканите од областа на сериозниот и организиран криминал, во согласност со стандардите на Европол.
Проектот го финансира швајцарската Агенција за развој и соработка во рамки на Швајцарската регионална програма за соработка на полициите на Западен Балкан.