Николоски набљудувач на изборите во Бугарија

На предвремените парламентарни избори во Република Бугарија, закажани за 6 октомври, шефот на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, пратеникот Александар Николоски ќе учествува како член на ад-хок Комитетот за набљудување на изборите.

Николоски беше член на ад-хок Комитетот за набљудување и на минатогодишните парламентарни избори.

Тој ќе ја предводи мониторинг мисијата за избирачките места кои се во регионот на главниот град на Бугарија, Софија.

Пратеникот Николоски беше дел и од ад-хок Комитетот за набљудување на избори и на минатогодишните претседателски избори во Азербеџан.