
Штипјанка вчера нападнала вработена во Меѓуопштински центар за социјални работи во Штип, откако ѝ кажале дека нема да ѝ доделат едократна парична помош, соопшти полицијата
Ш.С.(44) од Штип побарала да ѝ се исплати еднократна парична помош, а откако ѝ било кажано дека не може, почнала да вика, ја нападнала вработената Н.П.(37) и почнала да крши предмети и прозорци во центарот.
Била повикана полиција, која ја привела, а по документирање на случајот, ќе ѝ поднесе пријава.