Таткото на Бјанки: Син ми е во многу критична состојба

Жул Бјанки (25) е во критична состојба откако денес се здоби со тешки телесни повреди. 

Неговиот татко изјавил дека, Бјанки е во многу критична состојба откако за време на трката во Јапонија доживеа несреќа и се здобил со неколку повреди на главата.

Моментално е во операциона сала каде го оперираат и сеуште не се знае исходот од истата.

Неговите колеги, како што изјавил Хамилтон се молат за побрзо опоравување.

Возачот на Марусија излета од патеката на истото место каде еден круг претходно излета и Адријан Сутил, а Бјанки за несреќа удри во возилото кое го креваше болидот на Заубер.