Дописникот на „Вашингтон пост“ останува во затвор во Иран

Техеран ја ослободи иранската новинарка Јегене Салехи на основа на кауција, но не и нејзиниот сопруг Џејсон Ризаијан, дописник на „Вашингтон пост“.

Салехи работи за „Национал“, весник на англиски јазик кој излегува во Обединетите Арапски Емирати.

Таа била притворена повеќе од 2 месеци и тоа без никакво обвинение.

Нејзиниот сопруг, пак има двојно државјанство, американско и иранско.

Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека во Иран затворени се околу 35 новинари.