
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа за првпат во својата кариера влезе помеѓу 400-те најдобри на ВТА листата, со 88 поени сместувајќи се на 393. место на најновиот ранкинг.
Ова е награда за одличните игри кои Ѓорческа ги прикажа изминативе неколку недели. Водечка на листата е Серена Вилијамс, пред Марија Шарапова и Симона Халеп. На ранкингот за игра во двојки Лина Ѓорческа е на 339-та позиција.
Магдалена Стоилковска, пак, е на 1268. место во поединечна конкуренција со 3 поени, додека во игра на двојки е на 1127. место.