
Американско-британскиот научник Џон О’Киф и Норвежаните Меј Брит Мосер и Едвард Мосер се годинешните добитници на Нобелова награда за медицина или психологија за откритието на клетките кои го чинат системот за позиционирање во мозокот, соопштено е денеска.
„Ова откритие ќе го реши проблемот кој ги окупира филозофите и научниците со векови,“ се наведува во соопштението.
Името на истражувањето поточно гласи „Како мозокот создава мапа на просторот кој не опкружува и како се движиме низ комплексното опкружување.“
Наградата за медицина ја отвора „сезоната“ на доделување Нобелови нагрди.