
Три илјади тешко наоружани џихадисти од Сирија се преселиле во ирачката област Анбар. Курдските борци се подготвуваат за тешки борби и освен бомбардирањата тие бараат дополнителна странска помош.
Три илјади тешко наоружани џихадисти од Сирија во Ирак, соопштија ирачките власти од Анбар.
-Добивме информација дека 3.000 борци на Исламската држава ја премина границата со Сирија и стигнаа во Анбар преку Мосул, рече еден ирачки службеник за тамошните медиуми.
Тој истакна дека џихадистите се тешко наоружани и ја повикал владата да испрати дополнително засилување.
Инаку, џихадистите од ИС зазедоа индустриска зона и три квартови во Кобане, стратешки важен сириски град. Градот три недели беше под опосада, а Турција на границата со Сирија испрати дополнително засилување како офанзивата на ИС да не премине на нивна територија.