
Повеќе илјади луѓе се собраа денеска пред зградата на романската влада со барање за подобри услови за живот и повисоки плати, само неколку недели пред претседателските избори во државата, објави МИА.
Меѓу демонстрантите беа и наставници, службеници, вработени во здравството. Тие извикуваа „Крадци, крадци сакаме пристојна работа“ и повикаа владата да поднесе оставка.
Романија е втора најсиромашна членка на ЕУ по Бугарија. Просечната плата во Романија е 481 долар, објави денеска Заводот за статистика.