Фото: Здравјето пред се, ослабела скоро 130 килограми за да живее

Ема Сили доживеала вистински шок кога докторите и рекле дека нема да го доживее својот 40 роденден поради здравствени проблеми поврзани со прекумерна тежина…

Затоа, оваа 35-годишна жена решила драстично да си го смени животот.

Таа тежела неверојатни 185 килограми, а за две години упорно вежбање и здрав режим на исхрана ослабела 127 килограми.

1transformwoman

Денес Ема тежи само 58 килограми и изгледа фантастично.

Ема вели дека никогаш во животот не се чувствувала поубаво, истакнувајќи дека нејзиното здравје сега е на одлично ниво.

2transformwoman (1)

Таа потенцира дека лошото здравје и ризикот од прерана смрт и ги отворил очите и решила да преземе нешто.

Вистински пример за упорност и истрајност и доказ дека со малку волја може многу да се постигне.