
Не им дал 100 илјади евра што му ги барале за наводен долг, па двајца стружани нападнале сограѓанин, информираат од Министерството за внатрешни работи.
СВР-Охрид поднесе кривична пријава против Н.У.(39) и И.У.(42) за сторено кривично дело изнуда. На 18 септември оваа година првопријавениот од лице од Струга побарал 100.000 евра, кои наводно оштетениот му ги должел на друго лице од Струга, а откако оштетениот одговорил дека ги вратил парите, бил физички нападнат од двајцата пријавени.