Оцет опасен по здравјето се продава во продавниците

Лажен оцет опасен по здравјето се продава во голем број продавници ширум светот.

Со оглед на тоа дека овој оцет се произведув од синтетичка киселина, направена врз основа на нафтени деривати, може да предизвика изгореници на кожата и слузницата.

Течноста е токсична и треба да се разредува со вода, коментираат експертите.

Тие објаснуваат дека потрошувачите често го користат токсичниот оцет, бидејќи неговата цена е значително пониска.

Најчесто на етикетата со содржината не е наведено дека течноста всушност не е вистински оцет. Експертите советуваат луѓето да следат дали од состојките се содржи Е260. Токму оваа состојка е таа синтетичка киселина, која е опасна за здравјето.