Почна изградбата на нов водовод во Злокуќани

Градоначалникот Коце Трајановски и в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Бојан Василевски, денеска го означија почетокот на градежните работи на новата водоводна мрежа по дел од улицата Скупи, во Злокуќани.

– Со изградбата на новата водоводна мрежа околу 2.000 жители во овој дел од градот ќе добијат поквалитетно водоснабдување затоа што со новата мрежа ќе се овозможи циркулационо движење на водата. На терен ќе се вградат полиетиленски цевки со профил Ф 110 милиметри, во должина од 293 метри. Градежните работи се очекува да завршат за 20 работни дена. Овој градежен зафат е само дел од активностите на ЈП „Водовод и канализација“ за подобрување на водоснабдувањето во Скопје – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.

a

Василевски, нагласи дека новата водоводна мрежа ќе ја градат екипи на јавното претпријатие.

– За изградба на новата водоводна мрежа на улицата Скупи ЈП „Водовод и канализација“ ќе потроши околу 4,5 милиони денари – рече Василевски.