
Ф.Ј. (60) од Гостивар, е осомничен дека ја убил својата сопруга и тој попладнево треба да биде изнесен пред Гостиварскиот Суд. Обдукцијата покажала дека жената најпрво била давена, а потоа и избодена.
Ф.Ј. е осомничен дека вчера попладне во подрумот на семејната куќа која е во близина на Центарот за култура, ја давел па избодел својата 62 годишна сопруга.
Пред да дојде до убиството, меѓу сопружниците имало бурна и жестока расправија.
Полицијата го пронајде ножот со кој е убиена гостиварчанката и уште вчера попладне го уапси нејзиниот сопруг кој е осомничен за убиството.