Вол задавил стадо овци во Струшко

Волк уништил стадо овци во струшкото село Делогожда на јужниот дел од планината Караорман.

Сопственикот на стадото Џабир Даути вели дека од 20 овци биле спасени три, а пет избегале за да се спасат од крволочното животно, пренесува МИА.

-Ова ми се случува првпат. Вратив назад само три овци, а петте кои останаа живи, се уште не можеме да ги најдеме. Со ова, ми е направена материјална штета од околу две илјади евра, вели Даути.

Како што појаснува тој, неколку волци од повисоките предели на планината се спуштаат во подножјето и е можно да направат уште поголеми штети, поради што апелира до надлежните да преземат соодветни мерки. Сточарот Даути го одгледува добитокот на само десеттина километри од Струга.