Боцевски: Препораката на ЕК е дебакл за стратегијата на СДСМ

Како никогаш досега во историјата на Македонија доаѓањето на Извештајот не предизвика никаква посебна помпа, за разлика од порано кога Извештајот предизивкуваше бура, овој пат тој предизивика бура во часа вода.

Ова го истакна аналитичарот Ивица Боцевски го вчерашното гостување во Дневникот на Сител, кој посочи дека тоа се темели на два факти.

-Првиот врзан само за Македонија односно и покрај тоа што Македонија шест пати по ред добива препорака за почеток на преговорите, во декември по шести пат ќе добие порака дека нема да бидат отпочнати преговорите заради грчкото вето. Во овој Извештај и самата Европска Комисија констатира дека ЕУ не е онаа рамка каде што може да се надмине прашањето за името, со што си ги поништува сите оние повици за лидерство, бидејќи ЕУ треба да покаже дека е достојна за европските вредности и треба самата да и каже на Грција дека во случајот со Република Македонија постапува шовинистички, истакна Боцевски.

Како второ, аналитичарот ја наведува изјавата на новиот претседател на Европската Комисија Жан Клод Јункер дека во следниот петгодишен период нема да ново проширување со што, како што вели, е сосема ирелевантно дали ќе бидат отворени преговорите или не.

Во однос на повикот на евроамбасадорот Аиво Орав политичкиот дијалог да се води во парламентот, Боцевски вели дека денешниот ден е дебакл за СДСМ.

-Денешниот ден е потполн дебакл за стратегијата на СДСМ. Тие целокупната своја политика од денот на изборите кога Заев излезе со идејата за бојкот, па се до денес, ја темелеа единствено врз денешниот ден и врз нивната надеж дека Република Македонија ќе ја изгуби препораката. Сите се разочарани и не спасуваат дури ниту оние спинови кои ги правеше денес Радмила Шеќеринска. Таа се обидуваше да бара некакви скриени пораки во твитот на Филе, нагласи Боцевски.

Тој додаде дека СДСМ ги чека едно големо отрезнување.