Бомбашки напад на ноќен клуб, еден мртов 13 ранети

Едно лице загина а тринаесет се ранети кога пред ноќен клуб во Куала Лумпур експлодирала рачна бомба.
За експлозијата која во популарното туристичко место Букит Бинтанг се случила синоќа, полицијата вели дека веројатно станува збор за гангстерска пресметка, а не тероризам.

Полицијата пред еден автомобил нашла неексплодирана бомба.

Лицето кое му подлегнало на повредите е Малезиец, додека меѓу 13 повредени има Тајланѓани, Кинези и Сингапурци, кои се сите хоспитализирани.