
Легендата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, нагласи дека новиот тренер на “црвените ѓаволи”, Луи Ван Гал, врши одлична работа со тимот и дека има капацитет да го поведе Јунајтед во борба за титулата.
– Ван Гал направи многу измени во тимот и нормално е што гради нов состав според своите замисли. Треба да се има трпение, но тој има капацитет успешно да ја спроведе трансформацијата на тимот – изјави Фергусон.
Со доаѓањето на Ван Гал беше спроведена вистинска револуција на „Олд трафорд“, каде пристигнаа 14 нови фудбалери, а беше урнат и британскиот рекорд при купувањето на Анхел ди Марија, играч што во првите седум кола од англискиот шампионат остави најдобар впечаток. Манчестер јунајтед со 11 бода е на четвртата позиција со заостанување од 8 бода зад лидерот Челзи.