
„Ало докторе“ телефонската линија за медицински совети во изминативе два дена (07.09-08.09) со пресек до 22 часот имаше вкупно 236 повици.
Граѓани од цела Македонија се јавуваат на оваа линија.
Вкупно 17 доктори специјалисти се достапни за медицински совет 24 часа во кол-центарот на „Ало докторе“.
Повиците за кои ја повикале линијата 15123 се најчесто за медицински совет во врска со крвниот притисок, покачена температура и респираторни симптоми предизвикани од променливите временски услови.
На сите оние на кои поради здравствена состојба за која се јавиле на линијата, а им е потребна итна медицинска помош, укажано им е да се јават на 194.
Денес од 18 до 22 часот на оваа линија ќе биде дежурен директорот на клиниката за Урологија проф. Д-р Михаил Пенев, а утре директорот на Радиотерапија и Онкологија, Милан Ристевски.