Потврдено, нема ебола во Македонија

Од Министерството за здравство информираат дека според податоците добиени од лабораторијата во Хамбург, пациентот од Велика Британија не починал од ебола.

Истовреме донесена е и одлука за прекин на карантинот во хотелот каде што престојуваше Британецот, но и на Клиниката за инфективни болести.

Следно е аутопсија на телото на починатиот за да се утврди точната смрт на пациентот.