
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во свои раце ги презеде сите можни начини преку кои може да им се помогне на децата.
Во неговиот фокус остануваат особено децата од социјално ранливите категории.
Така, минатата недела, откако беше гостин на патронатот во Домот за деца без родители и родителска грижа „11-ти октомври“, веднаш замина да направи уште повеќе. Тој потпиша Меморандум преку кој децата од социјално ранливите категории бесплатно ќе спортуваат.
Во текот на оваа зима, дечињата од овие категории бесплатно ќе одат на зимски одмор, а во јули и август уште 2000 деца ќе одат на летување на трошок на државата.
Спасов потенцира дека продолжуваат и голем број на други проекти коишто се насочени навистина кон најразличен вид на поддршка за децата од ранливите категории на семејства.