
Утрово околу 10 часот, 21-годишната Сабина Алити била пронајдена во водите на Вардар во близина на нејзината семејна куќа во Сараќино. Ја нашле нејзиниот сосед и една година повозрасниот сопруг.
Исчезнала вчера околу 19 часот, откако нејзиниот сопруг се вратил од работа. Семејството во шок раскажува дека таа била вознемирена, затоа што сакала да оди во Германија кај нејзините родители, но во ниту еден момент не помислиле дека може да направи вакво нешто, особено затоа што била во петтиот месец од бременоста.
Направен е комплетен увид од страна на екипи на Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за нејзината смрт.