ФОТО: Путин ќе слета во Србија со „златен“ авион

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе дојде во Србија со „златен“ авион, јавуваат српските медиуми.

Станува збор за државниот претседателски авион на Русија, ИЛ-96-3000ПУ (М1) – ПУ чија внатрешност е збогатена со злато и благородни камења.

Српскиот гостин доаѓа на 16 октомври по повод 70-годишнината од ослободувањето на Белград кога ќе се одржи и воена парада.

Еден од најмоќните луѓе на светот со себе ќе донесе и значајни предмети од кои повеќето припаѓале на династијата Караѓорѓевиќ, а се чувале во руските архиви.

Како претходница на Путин во Белград се пристигнати 150 припадници на КГБ кои ќе се грижат за неговата безбедност.

Putin avion 2  Putin avion 5