Повеќе села од општина Зелениково и утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од Јавното комунално претпријатие- Зелениково, ги известува граѓаните дека поради интерен дефект на водоводна цевка со пречник од Ф- 315 мм, во општина Зелениково, од вчера од 18 часот, без водоснабдување се останати корисниците од викенд населбата Морани, село Зелениково и околните села.

Дефектот ќе се работи и утре, а до завршување на работите без вода ќе останат споменатите  корисници.