Повреден рудар во рудникот во Добрево

Нагмечување на градниот кош задобил денеска рудар од Пробиштип, 44 годишниот Игор С. Несреќата се случила денеска во една од јамите на рудникот за олово и цинк Индо Минерали и Метали кај пробиштипското село Добрево, објави Канал 5.

Во критичниот момент управувачот со таканаречен рударски багер, при момент на невнимание бил пригмечен од багерот и таканаречената акул-локомотива.

За среќа, колеги веднаш притрчале и итно го транспортирале повредениот рудар во пробиштипскиот Здравствен дом,а поради сериозноста на повредите, истиот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница.

Според информациите од републичкиот рударски инспекторат, ова е трета несреќа за еден месец во пробиштипскиот рудник, но за среќа без загубен човечки живот. Со фрактури на рацете и нозете се здобија други двајца рудари од Кратово и Злетово.