
Ситниците кои мажите ги прават посебни и многу привлечни се различни, но на жените ништо не им се понеодоливо како брадичка од неколку дена.
Шармот на мажите е нешто што тешко може да се опише со зборови. Жените кои ги привлекува посилниот пол знаар да го наречат „она нешто“, а тоа е скриен сексапил на мажите кој придонесува тие да бидат посебни и едонставно неодоливи.
Од поглед, преку начинот на од до стилот на облекување, ситниците кои можат да ги соборат жените се бројни, а овие три работи се на самиот врв на листата која ги прави мажите неодоливи.
Стомак
Веќе две третини од испитаните жени во една анкета потврдила дека популарните плочки на стомакот не се толку секси како што се зборува. Имено, жените издвоиле дека им е помило да видат природен стомак кој е одлика на маж кој не е опседнат со огледалото, дигање на тегови и протеини. Изгледа дека сепак, умереноста е најдобра.
Брада од неколку дена
Млада брада од неколку дена е вистински мамец за припадничките на понежниот пол. Не станува збор за брада како таква, туку малку бунтовничка и многу лежерен изглед кај мажот кој одговара на неговиот став едноставно значи со сексапил.
Први знаци на стареење
Анкетата исто така потврдила дека жените сакаат проседа коса. Таа ја доживуваат како многу секси. Иако денеска се повеќе мажи ги фарбаат косите за да ги сокријат првите знаци на стареење, жените секогаш порадо ќе одберат просед маж, отколку вештачки изглед кој паѓа во очи. Истото важи и за ќелавите мажи кои со шишањето на милиметар или нула множат да изгледаат неодолива и секси.