Бројот на жртви од циклонот во Индија порасна на 22

Силниот циклон Худхуд кој минатиот викенд го погоди источниот брег на Индија, усмрти најмалку 22 лица, оштети илјадници куќи, а цели села останаа без струја и нема доволно основни производи, соопштија денеска индиските официјални лица.

Училиштата и понатаму се затворени, електричните столбови се срушени, а системите за комуникација работат само делумно.

Индискиот премиер Нерендра Моди денеска со хеликоптер ја обиколи областа погодена од циклон.

Основни производи нема доволно, бидејќи најважните патишта се непроодни, а не се одвива ниту сообраќајот со автобуси, авиони и возови.