
Една 26-годишна жена во напад со нож уби еден, а повреди две ученички во Економско училиште во Ждар над Сазава, во централноисточниот дел на Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.
Повреден е и еден од полицајците кои интервенирале.
Според полицијата, нападот бил извршен рано изутрината, кога жената прво нападнала една ученичка, на која се обидело да и помогне едно 16-годишно момче, кого осомничената го избодела до смрт.
Потоа нападнала уште една ученичка.
Двете повредени ученички, од кои едната потешко, се наоѓаат на болничко лекување.
Жената е задржена од полицијата, а мотивот за нападот засега е непознат.
Во зградата на училиштето се влегува со специјални чипови и се претпоставува дека напаѓачката влегла незабележано со останатите ученици.
Министерот за образование, Марцел Хладек изјави дека веднаш ќе биде контролирано обезбедувањето на училишната зграда.