
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун по 40 дена се појави во јавност.
Тој го посетил новиот станбен комплекс и новиот Институт за природна енергија.
Ким претходно е виден во јавност на 3 септември, кога со сопругата присустувал на еден концерт.
Според јужнокорејскиот весник „Џонганг илбо“ Кин кон средината на септември бил опериран на двете нозе, а операцијата ја извршил француски хирург.
Ким Џонг Ун (31) минатиот петок не присуствувал на одбележувањето на 69-годишнината од основањето на Работничката партија на Северна Кореја.