
Натпреварот помеѓу Србија и Албанија е прекинат во финишот од првото полувреме.
Тензиите настанаа кон самиот крај од полувремето, по инцидент кој го предизвикаа навивачите и фудбалерите на Албанија. Поточно над стадионот на ФК Партизан се развиори знаме на Голема Албанија, кое беше носено од летечка направа контролирана со далечински управувач.
Страстите дополнително зовреа откако српскиот фудбалер Стефан Митровиќ го дофати конецот што го движеше знамето и го симна.
Потоа во судир со Митровиќ влетаа неколку албански репрезентативци, по што дојде и до тепачка во која се вклучија играчите од клупите за резерви, а судијата го прекина мечот.