Само 1отсто од луѓето на планетата поседуваат половина од светското богатство

На поединец му се потребни само 3.650 долари за да се најде меѓу половината најбогати граѓани на светот, повеќе од 77.000 долари за да се најде помеѓу 10% најбогатите на светот, а 798.000 долари за да се најде помеѓу оној 1% кој е „крем помеѓу богатите“, покажува извештајот за „Светско богатство за 2014 година“.

Извештајот покажал дека севкупното глобално богатство пораснало за нов рекорд од 263.000 милијарди долари, два пати повеќе од износот за 2000 година кој беше 117.000 долари.

Гардијан пренесува дека Британија е едниствена земја членка на Г7 во која е регистрирана најголема нееднаквост помеѓу граѓаните.

Прав на листата е САД, по неа е Јапонија а трета е Кина според бројот на најбогати луѓе во светот.