Се воведува електронска листа на чекање и за операции

Електронскa листа на чекање се воспоставува и за  хируршките интревенции во јавните здравствени установ. Оваа новина во системот „Мој термин“ предвидува и лекарот хирург да издава упат во кој се наведува типот на интервенцијата  и при тоа пациентот автоматси влегува во листа за чекање за таа интервенција. Во системот „Мој термин“ од јули до сега се креирани околу 3000 вакви упати.

Доколку пациентот веќе се наоѓа на листа на чекање и во друга установа за истата хируршка интервенција за него веќе нема да може да се издаде нов упат. Со новите измени, пациентот ќе може да биде само на една листа на чекање за одредена хируршка интервенција. Лекарот,  во договор со пациентот,  самиот го оредеува терминот за хируршката интеренција. 

Со оваа новина, ќе се избегнат и прегледи „преку ред“, бидејќи за секоја таква интервенција лекарот ќе мора задолжително да ја наведе и причината за тоа и таа се внесува во елелектронскиот систем.
Доколу се јави потреба некој пациент да биде избришан од листата на чекање, тоа може да се направи, исто така со задолжително наведување на причината.  За ургентните операции административниот дел се завршува подоцна.

Засега во сисиемот се внесуваат  пациенти кои се домашни осигуреници, но се панира  во иднина во посебн дел да се  внесуваат и странски осигуреници, како и приватни пациенти.

Во изминатите неколку денови извршена е обука на вработените во установите кои вршат хируршки интервенции, за користење на оваа новина во системот „Мој Термин“. Дополнително, до овие установи се испратени насоки по кои треба веднаш да се постапи, еве дел од нив:

1. За секоја хируршка интервенција која ќе биде извршена во установата задолжително треба да биде креиран електронски упат со користење на опцијата за креирање на Болнички упат- операција. Упатот се креира при специјалистички преглед кај докторот, во моментот кога е утврдена потребата од хируршка интервенција. (Исклучок се ургентните операции, за кои административниот дел се завршува подоцна)

2. Сите пациенти кои чекаат да бидат повикани за одредена хируршка интервенција, а кои се внесени во некој список (хартиен или електронски), да бидат задолжително внесени во електронските листи на хируршки интервенции преку креирање на електронски упат за операција. Доколку е потребно, а посебно во случаи кога се работи за списоци на пациенти кои чекаат подолг период (повеќе од 1 (еден) месец), пациентите да бидат задолжително контактирани по телефон и повикани на преглед  кај докторот кој треба да ја изврши интервенцијата. Целта на овој  преглед е да се потврди или отфрли потребата од хируршка интервенција. Доколку е потврдена потребата од хируршка интервенција, да се креира болнички упат за операција, со што пациентот ќе биде внесен во листата на чекање за соодветната интервенција. Ова се однесува и на пациентите кои имале закажано хируршка интервенција од страна на доктори кои повеќе не се во работен однос во установата. За овие пациенти да се направи соодветно прераспределување кај други доктори.

3. Да се започне веднаш со примена на електронските листи за хируршки интервенции, односно со креирање на распоред за оперативна програма.

4. При креирање на листите и распоредот за оперативна програма задолжително од страна на докторите да се применуваат обрасците кои се во прилог (Откажување на упат за хируршка интервенција и Прескокнување на редослед за хируршка интервенција). Имено, за секоја промена од овој тип, докторот задолжително со својот потпис и факсимил на приложените обрасци ја потврдува причината за промена, за секој пациент поединечно.