Скопје на второ место на конкуросот за најосветлен град, гласањето е во тек

Осветлувањето на објектите од проектот „Скопје 2014“ е номинирано за наградата и тоа во конкуренција со Лион од Франција, Толедо од Шпанија, Пула од Хрватска, Сеул од Kина и други. Може да гласа секој граѓанин на веб-страницата www.peoplechoiceaward.eu.

Наградата The city.people.light на People Choice Award ги наградува урбаните проекти кои имаат најдобро осветлување, кое покрај визуелната убавина подразбира и одржливост и оживување на урбаниот простор.

На својата страница запрашаа: Кој од овие градови сметате дека треба да ја добие наградата на за најдобро осветлен град?

Номинирани се градови низ целиот свет, а Скопје засега се наоѓа на 2-то место со 10.558 гласови. Според организаторите, новата светлина го вратила идентитетот на центарот на Скопје, кој бил изгубен по земјотресот во 1963 година.

Хрватскиот град Пула е на првата позиција со 14.260 гласови.