
На 16. октомври 2004 година Лионел Меси за првпат во неговата кариера истрча на зелениот терен за време на официјален меч.
Тогашниот тренер на “каталонците”, Френк Рајкард му даде шанса на 17-годишниот Меси на натпреварот против Еспањол, а од тој момент па се до денес останатото ќе биде запишано во аналите на светскиот фудбал.
Меси во својата 10-годшна кариера успеа да освои 3 титули во Лигата на шампионите, 6 титули во шпанската Примера, а во 4 наврати беше прогласуван и за најдобар светски играч во изборот на ФИФА.
Според многумина, единствено нешто кое му недостасува на малиот Аргентинец е мундијалската титула, со што компарациите со неговиот сонародник Марадона конечно ќе добијат на тежина.