Утре средба Путин-Порошенко

Италијанскиот премиер Матео Рензи потврди дека утре во Милано ќе се сретнат рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Петро Порошенко.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камреон и претставниците на Европската Унија Жозе Мануел Баросо и Херман Ван Ромпуј ќе присуствуваат на разговорот.

Киев и Западот ја обвинуваат Русија дека доставува тешко оружје на проруските сепаратисти и дека ги распоредила редовните едини на истокот на Украина, обвинување кое М осква го демантира.