
Албанските навивачи продолжуваат со провокациите по фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија.
Квалификацискиот меч за ЕУРО 2016 беше прекинат кога на стадионот Партизан почна да лета дрон кој го вееше знамето на „Голема Албанија“.
Натпреварот е прекинат по оваа провокација по што дојде и до судир меѓу играчите, а на теренот влегоа и домашните навивачи.
Меѓутоа, албанските навивачи случувањата во Белград продожуваат да ги прикажуваат како триумф па репрезентативците во Тирана ги дочекаа како херои.
Албанците славеа каде е стигнат, а во Цирих направија и голема журка. Се слушале сирени, се мафтало со знамиња, а на социјалните мрежи се појави и снимка од палењето на српското знаме.
Полицијата во Цирих околу 23 часот примила дојава дека албанските навивачи слават на плоштадот.
„Славењето беше премногу бучно, но околу полноќ навивачите си отидоа“, изјави портпаролот на полицијата во Цирих.
На Фејсбук се појави и уште снимка на која група Албанци дивејат, го сечат српското знаме, а потоа го палат. Од видеото може да се слушне дека Албанците одлично зборуваат српски.