Втората медицинска сестра заболена од ебола пренесена во Атланта

Втората медицинска сестра од Далас, која е заразена со ебола, ќе биде префрлена во Универзитетската болница Емори во Атланта, изјави министерката за здравство Силвија Баруел.

Директорот на Центарите за контрола и превенција на болести во САД, д-р Томас Фријдан истакна дека заразената медицинска сестра патувала со авион еден ден пред да почнат симптомите на еболата. Тој посочи дела ризиците од инфицирање со ебола на другите патиници на тој лет се многу мали.

Но, поради превентива сите патници од летот се повикани на прегледи.