
Поради густата магла, утрово по девет часот е затворен скопскиот аеродром, објави Фактор.
Откажан е летот на „Туркиш Ерлајнс“ кон Истанбул, а задоцнување се очекува и на летовите за Берлин, Базел и за Виена, закажани за до 13 часот.
За пристигнување, утрово се реализирал летот на „Аустријан Ерлајнс“ од Виена, но затоа летот од Истанбул е целосно откажан, а од Берлин во 09:55 пренасочен е кон аеродромот во Солун.
Порталот јавува дека доцнење се очекува и на слетувањата од Истанбул, Гетеборг, Виена и од Лондон, кои треба да се реализираат до 13 часот.