
Поранешен висок функционер во кинеските железници е осуден на смртна казна условно поради земање мито од речиси осум милиони долари, соопшти денеска кинескиот суд, објави МИА.
Заменик-министерот за железници Жанг Шугуанг е осуден, откако поради корупцијата пред повеќе од една година иста казна му беше изречена и на поранешниот министер Ли Жиџун.
Условните смртни казни најчесто по две години се преформулираат во доживотен затвор.
Судот наведе дека Жанг заслужил смртна казна, но пресудата е ублажена бидејќи тој се покајал и оти парите од митото се пронајдени.
Целокупниот имот на Жанг, согласно одлуката на судот, е конфискуван.