Денеска времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб, во западнте подрачја умерен повремено засилен западен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервалот од 21 до 26 степени.
Утре ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови што ќе услови намалување на облачноста и расчистување на маглата. Во недела и почетокот на наредната седмица ќе се задржи претежно сончево време со пониски утрински температури.
Агрометеоролошка препорака: Стабилното и суво време во наредниот период ќе овозможи жетва на оризот, активност која во овој момент има приоритет. Ваквите временски услови се оптимални за припрема на површините за есенска сеидба и за изведување на истата, но исто така сувото време ќе овозможи и берба на јаболка и други видови овошки од касните сорти.